15 семејства вкупно носат околу 90 проценти од новозаразените со коронавирус, изјави на денешната прес-конфренција министерот за здравство Венко Филипче.
Тој соопшти дека продолжува тестирањето на сите контакти на заболените во кризните општини.
Од денес до вчера таргетирано се тестираше и кластерската анализа покажува дека околу 15 семејства вкупно носат околу 90 проценти од новозаразените. Болеста се шири тесно во овие кластери, но има и нови спорадични случаи кои не може да се поврзат со овие семејства, што значи дека вирусот постои и воопшто не значи дека нема и надовр од овие калстери и затоа остануваме максимално претпазливи- рече Филипче.
Министерството за здравство денеска информира дека во последните 24 часа се направени 1.272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-109, Куманово-26, Дебар-1, Штип-15, Тетово-12, Струга-1, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Валандово-1, Свети Николе-1, Неготино-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, во: Скопје-6, Прилеп-1, Велес-4.
Починати се две лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември” почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.
Досега во земјата се направени вкупно 34386 тестирања на ковид -19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.