Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со кандидатот за претседател на Македонија Гордана Сиљановска Давкова и Влатко Ѓорчев, денеска положија цвеќе на вечното почивалиште на поранешниот претседател Борис Трајковски на 15-годишнината од неговото загинување.

Мицкоски се осврна на зборовите по кои го памети претседателот Трајковски.

Верувам во Македонија!- беа зборовите на претседателот Борис Трајковски.

 

15 години подоцна нивното значење подеднакво е актуелно и значајно.

 

Претседателот Трајковски останува да се памети, како и неговите заслуги за нашата Македонија, а наша задача е да веруваме во Македонија и заеднички да ја создадеме иднината.

 

На Македонија и е потребно лидерство и победи! Тоа заеднички ќе го оствариме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.