Вкупно 15 деца и мајки се лекуваат од ковид-19 на Клиниката за детски болести соопшти денеска директорката Аспазија Софијанова.
Во моментов имаме околу 15 деца со 15 мајки кои се ковид-позитивни, стабилни. Дел од нив веќе ги испишуваме. Сите се во сосема стабилна состојба, немаме ниедно во загрозувачка состојба. Трендот на намалување на бројот на заболени од ковид-10 се забележува и кај децата, изјави д-р Софијанова, која се заблагодари четирите вентилатори, донацијата од Република Словачка.
Донацијата од Словачка ја претставија вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, Мартин Клус заменик-министерот на МНР на Република Словачка и амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш. Се состои од четири вентилатори, кои како што д-р Софијанова, се модерни, најсовремени и оти децата го заслужуваат најдоброто во лекувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.