Срамота е партиски војници да плачат за кола излепена со пурпена.
14 луѓе изгореа заради модуларни бараки со панели од пурпена, кога роднините протестираа ги осудивте на условен затвор.
Одговорност НУЛА покажавте, сега ќе ве гледаме како глумите жртви затоа што изгубивте на избори – коментира аналитичарот Ивор Мицковски.
Реакцијата доаѓа откако беше објавено дека со пур-пена се запечатени вратите на автомобилот на се уште актуелната претседателка на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева од СДСМ. Вандалистичкиот чин се случил во Општина Аеродром.
Јанчева изјави дека инцидентот не е случаен, бидејќи вакви работи се случувале и во минатото, кога владеела ВМР0-ДПМНЕ, и порача дека овојпат одговорност мора да има.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.