Четиринаесет избирачки места во Штип не ги задоволуваат здравствените протоколи и затоа Државната изборна комисија пронајде други локации кои ги задоволуваат протоколите, со цел гласачите да го остварат своето право на глас на изборите на 15 јули, објави МИА.
Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева, на денешната прес-конференција информирала дека до вчера за гласање на 14 јули, односно за болни и изнемоштени лица, се пријавиле 98 лица, а за на 13 јули – за лица позитивни на ковид-19 или кои се во изолација и самоизолација се пријавиле двајца.
Пристигнат е недоверливиот материјал – параваните, пристигнаа заштитни маски, очекуваме да се донесат и средства за дезинфекција, ракавици, додека доверливиот материјал доаѓа 96 часа пред почетокот на гласањето – рече Андреева.
Таа додала дека бројот на гласачите во општина Штип ќе го знаат со пристигнување на избирачкиот список во доверливиот материјал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.