Во последните 24 часа од направени 3.317 тестирање, регистрирани се 677 нови случаи на КОВИД-19, 13 лица починале, а 517 пациенти оздравеле, посочуваат податоците од Институтот за јавно здравје, информира Министерството за здравство.
Од новорегистрираните случаи најмногу има во Скопје – 279, следат Битола – 86, Прилеп – 34, Куманово – 30, Кавадарци – 28, Велес – 25, Кочани – 22, Делчево – 21, Тетово – 18, Гевгелија – 13, Крива Паланка и Радовиш – по 12, Ресен и Берово – по 10, Демир Хисар – 9, Кичево и Неготино – по 8, Гостивар и Кратово – по 7,Штип – 6, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 5, Охрид, Валандово ,Богданци и Крушево – по 3, Струга и Македонска Каменица – по 2 и Струмица – 1.
Регистрирани сe и 517 оздравени пациент и тоа од Скопје – 237, Куманово – 36, Прилеп – 30, Битола – 21, Велес – 20, Штип – 18, Тетово и Охрид – по 17, Кочани – 16, Кавадарци – 15, Берово – 14, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 9, Кичево – 8, Радовиш и Неготино – по 7, Струмица – 6, Валандово – 5, Ресен – 4, Свети Николе, Виница, Пробиштип ,Струга и Македонска Каменица – по 3, Демир Хисар – 2, Делчево ,Гостивар и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: пет починати лица од Скопје (61г, 70г, 74г, 80г и 86г), и по едно починато лице од Кочани (83г), Битола (79г), Куманово (76г), Прилеп (87г), Велес (77г), Пробиштип (73г), Демир Хисар (47г) и Кавадарци (66г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.