Медицински персонал од Воено медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри од денеска се вклучува во работа на интерните клиники каде има неколку ковид оддели, соопшти Министерството за здравство
Оваа бројка на медицински персонал е голема поддршка земајќи предвид дека сите специјалисти од интерната медицина и инфектолози од почетокто на кризата се посветени на ковид пациенти. Медицинските екипи кои доаѓаат од Армијата на почетокот ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе вршат прием на пацинети во ковид одделенијата.
По прогласување на кризната состојба, освен со медицински персонал, Армијата како невооружена сила е поддршка на полицијата во ковид центрите низ државата. Во петокот преку Министерството за одбрана, на Министерството за здравство, му предаде 10. 000 брзи тестови, донација од Кралството Норвешка, а на почетокот од месецот Армијата даде на користење и 5 амбулантни возила како поддршка при справување со последиците од пандемијата на Корона вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.