Иако обработеноста на гласовите во Тетово сѐ уште е мала, засега од податоците на ДИК предноста на кандидатот на Беса Биљал Касами е голема.
Пред малку заврши прес-конференцијата на ДУИ, на која се обрати лидерот на партијата, Али Ахмети. Во кратката листа освоени општини Ахмети ги наброја Арачиново, Кичево, Теарце, Долнени, Струга, Чаир, но не и Тетово.
Како што најави Касами пред вториот круг, Беса веќе смета на сигурна победа во Тетово.
Генералниот секретар на Движењето БЕСА во изјава за Бриф изјави дека БЕСА победи во Тетово.
Победуваме и тоа убедливо во Тетово. Нашиот претседател на партијата Билал Касами ја порази актуелната градоначалничка Теута Арифи. Ова сеуште се неофицијални информации но точни – вели Хоџа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.