Двајца ученици од деветолетките „Тошо Арсов“ и „Ванчо Прќе“ се позитивни на коронавирусот. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека станува збор за ученици од одделенска настава и е категорична дека низ училиштата во Општина Штип нема локална трансмисија, односно учениците не се заразуваат во училиштето, туку со вирусот се заразиле од членови во семејството, надвор од училишните клупи.

Бројката на изолирани ученици во штипските основни и средни училишта достигна над 80, а вкупниот број на заразени е 11 ученици и тројца наставници.

Од Министерството за образование и наука велат дека околу 0,02 отсто од вкупниот број на ученици и исто толкав процент и на наставници се активни случаи на заболени со Ковид-19. Посочуваат дека деталните податоци ги поседуваат надлежните служби кои констатираат присуство на вирус кај суспектни лица и издаваат решенија за изолација.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.