На денешната седница Владата донесе одлука да се издвојат шест милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија.
Како дополнување на помошта за Албанија, кон оваа земја веќе се упатени и тимови за спасување составени од 30 стручни лица кои ќе учествуваат во акциите за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја, соопшти владината прес-служба.
Во оваа првична помош е вклучен и посебен тим со механизација која ќе се ангажира во координираните акции за спасување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.