Не залудно последниот ден од нашата кампања е во Штип, затоа што Штип бил круната на многу промени кои се случувале во историјата, а така ќе биде и денес. Ние не завршуваме во Штип, туку ова е почетокот, означување на почетокот во нашата битка за промени, и создавање на нова иднина, во битката за вредностите во кои веруваме и за кои се обврзуваме. И таа наша верба не прави мотивирани да истраеме низ сите предизвици, да се креваме одново. Затоа што стојам овде пред вас штипјани, но го носам во исто време гласот на луѓето од Охрид, на маката на земјоделците од Пелагонија, на тутунарите од Прилеп, оризарите од Кочани, на граѓаните на Скопје кој велат мора да се стави крај на сообраќајниот метеж и загадениот воздух, револтот на кумановчани. Го носам и гласот на тетовчани кои ја бараат вистината за трагедијата во болницата, велешани кои копнеат за промени, на Малешевијата кои бараат да се вратат младите, на југот кој моли за помош во економијата….го носам гласот на секоја една слободна индивидуа, која верува во нас, која бара своја шанса, која има надеж, тоа е гласот на Македонија која вика, Македонија која бара промени. Македонија која верува во иднина – посочи вечерва Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата на последниот ден од кампањата е во Штип, каде се претставува кандидатот за градоначалник Иван Јорданов.Мицкоски на штипјани им посочи дека после 19 дена кампања, сите овие луѓе, млади, стари, мажи и жени, христијани, муслимани, атеисти, работници, земјоделци, лекари, професори, уметници, заедно ќе победат. Тој порача дека ќе одговараат за се што направија. Ќе одговараат за изгорените пациенти во болниците.
Ќе победиме затоа што овој пат е јасно Македонија е на нозе, и нема да дозволи апсолутна власт во рацете на неодговорни луѓе, уште нови 4 години од нашите животи да бидат залудно потрошени. Сите овие луѓе бараат парче достоинство за себе, решавање на нивните проблеми, одговорност, сигурност и среќа во нивните животи. Новата иднина која ќе ја донесеме е сонот на нашата генерација за место какво што сакаме да имаме и какво што за жал немаме овие 30 години. 30 години своја независна држава од историски аспект е само еден миг, но за сите нас овде е половина живот. Тие 30 години ние ги потрошивме во чекање, а денес сме во затворен круг од кој со оваа власт не излегуваме. И не важи она правило кое го слушам понекогаш- “што може да направиме, ние сме премногу мали”. Не е така зошто најважни се идејата и волјата за промена на работите. А тоа овој пат, овој пат, зависи само од нашата лична одлука. Ќе продолжиме да чекаме, или ќе направиме голем исчекор напред кон достигнување на нашите соништа. Тука во оваа претстава за нас самите, нема мали и големи, туку од самите вас, од нас зависи какви одлуки ќе донесеме. А овие избори се тоа, одлука за нашата иднина. Сакаме ли да продолжиме во затворениот круг на разочарувања, неисполнети ветувања, идентитетски обезличувања, или ќе донесеме одлука која ќе не дефинира како борци за нашата иднина – рече Мицкоски.
Понатаму додаде:
Мојот татко дојде од Кичево во Скопје од пред повеќе од половина век, остана таму, формираше семејство. Освен својот куфер, понесе сон и идеја за тоа каква иднина му посакува на неговото семејства. И вакви примери се многу во нашата земја, многу други татковци го врвеа тој пат, низ многу потешки искушенија и предизвици. И мојот се бореше, макотрпно, жилаво, и чесно исто како и вашите татковци. Половина век подоцна, не можам да кажам дека е исполнет неговиот сон, зошто колку и човек да има успеси, не постои нешто како личен напредок во неуспешно општество. Ние имаме држава, но немаме колективни успеси. Ние денес имаме соништа, но имаме власт која го ограничува индивидуалниот потенцијал да стане колективна победа. Немаме здрав систем, но имаме изместени вредности. Затоа сја водам оваа битка, зошто нам ни треба иднина, во која сите заеднички ќе успееме. Во која нашите татковци ќе имаат синови и ќерки кои ќе го развиваат својот потенцијал и чија способност ќе ја движи Македонија напред, во која ќе имаме цели за кои вреди да се бориме, да тагуваме, радуваме, но ќе знаеме за што опстојуваме и за што работиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.