Филипче, не фали се со донации, до каде се вакцините кои требаше да стигнат? Додека ти глумиш портпарол народ умира, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека од  први јануари до денеска починаа 1718 лица.

1.718 лица починаа додека ја чекаат вакцината, која Филипче никако да ја набави.

Благодарност до Србија, а сега и до ОАЕ, но до каде се вакцините кои Владата требаше да ги купи?

Македонија со Филипче и Заев на чело е единствена држава која има вакцинирано повеќе народ со вакцини од донации отколку со купени вакцини.

Полека се ситнат деновите и од април, а вакцини нема.

Единствен начин да излеземе од пандемијата е вакцинацијата. Со секое одлагање на овој процес народот губи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.