На полноќ се отворија сите гранични премини во државата со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПЦР-тест и државен карантин, а од 1 јули ќе бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Со одлуката за целосно отворање на границите на земјава македонските државјани ќе можат слободно да патуваат вон границите без обврска за негативен ПЦР-тест за коронавирус и задолжителен 14-дневен карантин при враќање во земјава.

Сепак, со иклучок на Србија, Албанија, Косово и Турција, оваа обврска останува за влез во некои земји во регионот.

Иако првично земјите од Европската унија требаше да бидат отворени и за оние што не се членик, сепак оваа одлука повторно ќе биде разгледана поради растот на бројот на заболени од коронавирусот во земјите во регионов.

Според последните две листи на граѓани од земји кои смеат и не смеат да патуваат во ЕУ, испаѓа дека Македонија се наоѓа на полошата.

Така, според изворите на „Еуро њуз“, македонските граѓани засега немаат амин да може да патуваат во Европа и после отворањето на аеродромите.

На „да“ листата, пак, покрај Албанија и Србија, се наоѓаат и земји како Мозамбик, Замбија, Бутан и Мјанмар.

Стратешкиот партнер Македонија ќе почека.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.