Специјализираниот американскa интернет страница за спорт и бизнис „Спортико“ ги рангираше 25-те најплатени спортисти на сите времиња. Лидер на листата е легендарниот кошаркар на Чикаго булс, Мајкл Џордан.

Рангирањето на заработката на „Спортико“ се заснова на инсајдерски разговори, сопствено истражување и податоци од други медиуми, вклучувајќи го и „Форбс“. Заработката на секој спортист се формира од плата, парични награди, рекламни договори, хонорари, итн.

„Спортико“ ја вклучува заработката во годините додека имале активен ангажман, како и по пензионирањето до 1 јуни 2021 година. Што се однесува до голферот Алберт Палмер и кошаркарот Коби Брајант, нивната заработка се пресметува до моментот на смртта.

Во топ 25 се вклучени спортисти од осум спортови, со заеднички приход од 25,5 милијарди долари. Вкупното рангирано подолу е приспособено на инфлацијата.

Топ 25 најплатени спортисти:

1. Мајкл Џордан (кошарка) – 2,62 милијарди долари

2. Тајгер Вудс (голф) – 2,1 милијарди

3. Арнолд Палмер (голф) – 1,5 милијарди

4. Џек Никлаус (голф) – 1,38 милијарди

5. Кристијано Роналдо (фудбал) – 1,24 милијарди

6. Флојд Мејведер Јуниор (бокс) – 1,2 милијарди

7. Леброн Џејмс (кошарка) – 1,17 милијарди

8. Лионел Меси (фудбал) – 1,14 милијарди

9. Мајкл Шумахер (автотрки) – 1,13 милијарди

10. Роџер Федерер (тенис) 1,12 милијарди

11. Фил Микелсон (голф) 1,08 милијарди

12. Дејвид Бекам (фудбал) 1,05 милијарди

13. Коби Брајант (кошарка) – 930 милиони долари

14. Шекил О’Нил (кошарка) – 870 милиони

15. Грег Норман (голф) – 815 милиони

16.Мајк Тајсон (бокс) – 775 милиони

17. Алекс Родригез (бејзбол) 650 милиони

18. Мани Пакјао (бокс) – 630 милиони

19. Кевин Дурент (кошарка) – 625 милиони

20. Луис Хамилтон (автотрки) – 620 милиони

21. Нејмар (фудбал) – 615 милиони

22. Џеф Гордон (автотрки) 595 милиони

23. Оскар Де Ла Хоја (бокс) 580 милиони

24. Пејтон Менинг (американски фудбал) 570 милиони

25. Дерек Џитер (бејзбол) 555 милиони



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.