Шведскиот Парламент ја избра лидерката на Социјалдемократската партија и актуелна министерка за финансии, Магдалена Андерсон, за прва жена премиер на земјата, откако таа, во последен момент,  постигна договор што и обезбеди клучна поддршка.

Андерсон ќе го наследи актуелниот премиер, Стефан Ловен, откако вкупно 117 пратеници гласаа „за“ неа, 57 беа воздржани и 174 гласаа против.

Според шведскиот систем, на кандидатот за премиер не му треба поддршка од мнозинството во парламентот, туку само против него да нема мнозинство.

Шведскиот Устав предвидува дека премиерите можат да управуваат се додека парламентарното мнозинство, односно минимум 175 пратеници, не е против нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.