Првиот човек на УЈП, Сања Лукарвска објаснува дека ослободувањето од плаќањето на данок на личен доход, додаде, се однесува на обврзниците кои остваруваат доход од вршење на угостителска дејност, туризам и транспорт, но и други даночни обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејност, а имаат претпрпено штети во своето работење заради спроведување на мерките за заштита од Ковид-19.
-Обврзниците кои остваруваат доход од вршење угостителска дејност, туризам и транспорт не треба да го намалат бројот на вработени сметано од 26 март 2020 година до три месеци по престанување на важноста на уредбата освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработен. Обврзниците од останатите дејности кои имаат претрпено штети во своето работење за да добијат ослободување треба да им се намалени вкупните приходи за најмалку 40 проценти во тековниот месец во однос на февруари 2020 година, или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година да изнесува повеќе од 40 проценти во однос на истиот период од претходната година или, пак, бројот на вработени кои не придонесуваат во економската активност на работодавачот заради спроведување на мерките да изнесува најмалку 25 проценти од вкупниот број на вработени во февруари 2020 година или даночниот обврзник да затворил најмалку 50 проценти од продажните места преку кои го остварува прометот, посочи Лукаревска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.