Меѓународниот филмски фестивал во Берлин соопшти дека годинава претседател на меѓународното жири ќе биде актерката Жулиет Бинош.

-Добар ден на сите! Ни претставува огромно задоволство да ви ги соопштиме воодушевувачките новости: Француската актерка и добитник на наградата „Оскар“ на Академијата за филмска уметност, Жулиет Бинош ќе биде претседател на Меѓународното жири на 69. Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, соопштуваат од организацијата на берлинскиот фестивал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.