За програмата за култура која неодамна беше претставена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, актерот и претседател на комисијата за култура во ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков, вели:

Со акцијата на комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ, во неформални средби со слободните уметници, институции и граѓански здруженија во скоро сите општини во Република Македонија, ги слушнавме сите нивни проблеми со кои се соочуваат последните 3 години, но и нивните реални потреби кои се провлекуваат веќе 2 децении. Оваа програма е резултат на таа акција.

Со изградбата на новите театри и реконструкција на центрите за култура, музеите, заводи, галерии, библиотеки и нивно опремување со најсовремена сценска технологија ќе го вратиме достоинството на работниците во културата, но и на конзументите, но овие мерки ќе овозможат и самоодржливот на институциите. Оваа пракса се покажа како значајна и позитивна во предходната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Со измени во законот за донации и спонзорства ќе го стимулираме бизнис секторот културата да стане нивни главен промотор.

Реформите во начинот на финансирање преку воведување на јасни и прецизни критериуми, отворен годишен конкурс и делегиран буџет за националните институции во културата, ќе донесе поголема автономност на институциите и во креирањето на програмите и во нивното презентирање во меѓународни рамки, но секако и поголем предизвик и поголема одговорност на менаџерите во истите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.