Сè додека некој не признае дека направил некаква грешка, тогаш и добрите решенија и лошите решенија ќе бидат инцидент, а не систем и нема да имаме подобрување на оваа слика во културата, вели режисерката Зоја Бузалковска во интервју за Радио Слободна Европа.

Бузалковска смета дека Министерството за култура и Владата немаат слух за решавање на најгорливите проблеми.

Не сум сигурна, до овој момент не добиваме такви сигнали, мора да кажам дека сум многу загрижена по првичните реакции, особено од реакциите на министерот за култура, затоа што тој, чувствувам дека смета дека е сосема доволно ако се направи една, изгледа дека дури и про форма, ревизија или проверка на оние проекти коишто не поминале. Се разбира, втората работа којашто сакам да ја кажам е дека некој мора да понесе одговорност за целата оваа ситуација. Не е еден, двајца или тројца незадоволници, навистина многу институции, многу уметници изреагираа во врска со целото ова. Јас своето барање за повлекување го адресирав до премиерот, затоа што мислам дека, особено сега, кога министерот практично бега од одговорност, дека тој е оној којшто треба да постапи во оваа ситуација. Она што е многу побитно е дека при оваа ревизија мора навистина да се размисли, да бидеме слушнати дека мора да се промени моделот на одлучување. Не е добро тројца или петмина да одлучуваат за толкав широк спектар на понуди од секоја дејност, од секоја област, голем е притисокот и врз нив, а она со коешто располагаат е малку за да може да донесат соодветни одлуки, и одлуките на крајот најчесто ќе бидат политички, да не речам партиски и секакви поинакви во поделбата на јавните пари,вели меѓу другото Бузалковска во разговорот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.