Златната маска и раката, како и сите прилози од гробот 132, откриени на локалитетот Горна Порта во Охрид, по завршувањето на меѓународната изложба „100 години Требениште“ во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје, повторно се вратени во Златната соба на охридскиот музеј Куќата на Робевци“.

Во моментов работиме на изработка на нов рекламен материјал во печатена и дигитална форма, кој на разни начини ќе биде дистрибуиран до сите посетители на Охрид. Се надеваме дека нашите заложби за промовирање и популаризирање на постојаната поставка во музејот „Куќата на Робевци“, која ја вклучува и Златната соба, ќе дадат плод и ќе ја зголемат посетеноста на овој музеј, кој треба да биде незаобиколен дел од туристичката понуда на градот. Меѓународната изложба „100 години Требениште“, која вклучуваше археолошки артефакти од музеите во три држави (Македонија, Бугарија и Србија), е еден од најкомплексните и најуспешни проекти од областа на музеологијата што е организиран во нашата земја, вели директорот на Охридскиот завод и музеј, Мишко Тутковски за Нова Македонија.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.