Златко Ориѓански ќе биде поставен за Директор на Културниот центар на Република Македонија во Тирана, објави Скопје Инфо повикувајќи се на владини извори. Одлуката за именување треба владата, според порталот, да ја донесе на една од следните седници.
Веста објавена на Скопје Инфо ја сподели исамиот Ориѓански на својот фејсбук профил.
Македонија и Албанија треба да отворат културно-информативни центри во своите главни градови со цел да се доближат повеќе и граѓаните да се запознаат подобро со културните особености, како и новости и настани за тоа што се случува со нивните соседи.
Златко Ориѓански ќе биде првиот директор на оваа државна институција која ќе треба да ја промовира македонската култура во соседна Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.