Неговите „Цвеќиња на мирот“ ги красат домовите на Кофи Анан, Бутрос Бутрос Гали, Кенет Каунда, Наџибулах, Генадиј Ајги, Реј Чарлс, Ричард Гир, Мајка Тереза, Вили Брант, Индира Ганди, Сандро Пертини…Денеска со нас го сподели ракописот на Блаже Конески кој е насликан со цвеќињата на мирот. Во чест на роденденот на Конески, Живко Поповски ни раскажа дека пред 32 години на една средба со Конески тој ја добил песната во ракопис.
-На 19 декември1986 година по повод 64 -от роденден на Блаже Конески му подарив една моја слика со мотив цвеќе-ружи, на настанот што се одржа во ООУ „Кирил и Методиј“ во Скопје. Во тој момент Конески не можеше, а да не возврати со една негова песна од збирката „Везилка“ објавена во 1955 година, со песната „Ружа“, која ја препиша со негов ракопис и ми ја посвети. Јас го замолив да стави датум 24.05 1985-Денот на училиштето „Кирил и Методиј“. По добивањето на ракописот, јас поттикнат од него почнав секој година да ги посетувам „Струшките вечери на поезијата“ се до денес, вели Поповски.
По вокација е агроном, нема ликовно образование, но љубовта кон сликањето, особено кон цвеќињата, му стана животна определба. „Цвеќето на мирот“, како што ги нарекува Живко Поповски своите дела, се наоѓаат на сите континенти. Тие ги украсуваат домовите на истакнати политичари, холивудски актери, музичари, хуманисти…
-Над 30 години подарувам по 100 мои слики цвекиња на мирот и добивам за возврат од поголем број поети песни со посвета на речиси сите јазици: српски, словенечки, бугарски, јапонски, арапски, кинески, англиски, руски, француски, хебрејски, индиски…Со посебен пиетет им подарувам на поетите добитници на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“, на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ и на наградата што ја доделуваат УНЕСКО и СВП.
Многу и од македонскиоте поети имаат негови слики со цвеќињата на мирот.
-Во 1986 година, Славко Јаневски ми напиша: „Човек кој им подарил илјада ружи на луѓето, поетите со право му возвраќаат со ракопис“, раскажува Цветин.
Овие ракописи заедно со уште седумдесет други се објавени во книгата „Цвеќе на мирот“ објавена во 1991 година од Графички завод „Гоце Делчев“, Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.