Од 8 до 10 февруари во Крушево ќе се одржи фестивалот „When in Krusevo“ („Кога си во Крушево“).
Ова е зимско издание на фестивалот по огромниот интерес што предизвика летоска.
Уникатниот „outdoor“ фестивал „When in Krusevo“ во зимски услови ќе понуди адреналинска снежна авантура низ прекрасната крушевска природа во снежно руво.
Фестивалот вклучува: чист воздух, фото тура, рекреативна пешачка тура, можност за обука за скиење и санкање, зимски тандем параглајдинг, дегустација на вкусни крушевски специјалитети и луда забава, најавуваат организаторите.
Летното издание на Фестивалот се одржа кон крјот на јуни и почетокот на јули 2018 година и на него учествуваа гости од повеќе земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.