Женскиот младински хор при МКЦ денеска ќе биде дел од големиот онлајн-концерт на Меѓународниот фестивал во Индија, каде ќе учествуваат и хорови од уште 22 други земји.

На наше огромно задоволство добивме информација од организаторот дека од пристигнатите над 170 видеа на хорови од целиот свет, интернационалното жири одлучило и изведбата на Женскиот младински хор при МКЦ да се претстави на големиот онлајн концерт на кој ќе учествуваат и хорови од уште 22 други земји, велат од МКЦ.

Концертот ќе биде емитуван денеска во 12:30 часот по централноевропско време на следниот линк: ICCR’s International Choral Festival & Competition



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.