Со јубилеен концерт градскиот женски младински хор „Менада“ вчера одбележа 40 години од основањето. Присутните во салата на поранешниот Дом на Армијата имаа можност да проследат речиси двочасовен концерт на кој хористките исполнија десетина композиции.

Композициите во минатото биле наградувани или биле претставени пред значајни хорски фестивали низ повеќе држави.

Ова е заокружување на еден работен век. Се надеваме дека вака оставаме белег за афирмација на градот и нашата земја. Исполнивме композиции кои го одбележаа нашето постоење во изминатите 40 години. Се надевам дека оставивме извореден впечаток кај публиката, затоа што секој кој беше присутен на концертот можеше да се најде во програмата, да ги задоволи своите вкусови.  Програмата беше мешовита имаше византијска музика, композиции од македонскиот фолклор, евергрин композиции, композиции на повеќе јазици сето тоа го одбележува она што хорот го направил со пеење на повеќе од 20 јазици, изведени наад 500 композоции и одржани над 1500 концерти во 21 земја во Европа. Секоја година бележиме по триесетина настапи и во нашата земја. Убаво би било сите ние кои сме сите тука да одбележиме уште еден јубилеј 50 години, изјави основачот и главен диригент, Ивица Зориќ.

Преку видео обраќања своите пораки за јубилејот испратија дел од поранешните хористки кои сега видни личности во своите професии или општествениот живот. Беше организирана и изложба со фотографии и постери од поранешните настапи на хорот.

Хорот е основан во 1981 година со цел таму да продолжат да бидат активни членките кои дотогаш биле дел од детскиот хор „Лале“, инаку формиран 1977 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.