Филмот „Зелена книга“, вистинската приказна за црномурест пијанист, ја освои главната награда на американската Академија за филмски уметности „Оскар“ за најдобар филм.

Мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон, кој веќе има освоено Оскар за најдобар режисер во 2014 за остварувањето „Гравитација“, и оваа година ја доби наградата во истата категорија за филмот „Рома“. Филмот доби и „Оскар“ за најдобар странски филм и за кинематографија.

Најдобра актерка е Оливија Колман за улогата во филмот „Миленичка“, а „Оскар“ за најдобар актер освои Рами Малек за толкувањерто на Фреди Меркјури во „Боемска рапсодија“.

Доделувањето на наградите во „Долби“  го одбележа дуетот на Лејди Гага и Бредли Купер кои во живо ја изведоа баладата „Shallow“ од филмот „Ѕвездата е родена“, која освои „Оскар“ за најдобра пресна.

Во продолжение сите добитници на „Оскар“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.