Евроамбасадорот Самуел Жбогар истакна дека е воодушевен од македонскиот документарец „Медена земја“, кој беше победник на „Санденс“.

Бев воодушевен од победникот на „Санденс“, македонскиот документарец „Медена земја“. Суров, но нежен филм, каде тишината зборува стотина зборови, со порака за меѓузависноста на човекот и природата, со силната и неверојатна жена Атиџе. Честитки до Тамара и Љубомир“, додаде Жбогар.

 

Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси. Продукцијата е на „Аполо медија“ на Стефанов и „Трајс филмс“ на Атанас Георгиев. Музиката во филмот е на „Фолтин“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.