„ПНВ Публикации“ ја објави збирката раскази „Понеделник или вторник“ од Вирџинија Вулф на македонски јазик. Преводот од англиски е на Даниела Спироска, а книгата е прва во новата едиција „Мезанин“.
Вирџинија Вулф, една од најистакнатите критичарки и најоригиналните писателки на 20. век ја објавила збирката раскази во 1921 година. Претходно веќе имала објавено два романа. Меѓутоа, токму преку овие нејзини први раскази се здобива со углед на писателка со најжива имагинација и најистенчен стил во тоа време. Под влијание на Џојс, на Пруст, теориите на Вилијам Џејмс, на Бергсон и на Фројд, настојува да напише нова белетристика што го нагласува постојаниот тек на свеста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.