Со изложба во Младинскиот културен центар вечерва завршува Интернационалниот фестивал „Театарски европски алтернативи“.

Изложбата е всушност поезија преточена во дизајн постери, фотографии и графички визуелни дела на тема „Продор“ или „Sturm und Drang“. Веднаш по претставување на изложбата ќе биде и официјалното доделување на наградите за „Најдобар актер “, „Најдобра режија“, „Најдобра претстава“, „Најдобра студентска претстава“, „Нов бран-Најдобар артист“ во рамките на првото издание на фестивалот. Настанот е отворен за јавноста, со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19.

Последниот фестивалски ден преку онлајн платформата на „Театарски Европски алтернативи“ во 19:30 ќе биде прикажана и претставата на специјалниот гостин Петар Милошевски, оригинално насловена „You will marry me“ („Ќе се омажиш за мене“), кој всушност претставува краток видео перформанс создаден за време на полицискиот час, користејќи реквизити кои можат да се најдат по дома, целосно е снимен со паметен телефон преку кој бестрашно е опфатена ситуацијата со глобалната пандемија во 2020 година. Преку овој перформанс се доловува како овој човек сака да стапи во брак со својот живот. Перформансот е влезен во селекција на значајни фестивали во Велика Британија и САД.

Линк за претставата: http://www.theatereuropeanalternatives.com/mk/international-special/

Интернационалниот фестивал „Театарски европски алтернативи“ прв пат се одржува во онлајн верзија и е поддржан од Министерството за култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.