Заврши снимањето на „1 тон сладолед“, нов кратокометражен игран филм во режија на Сандра Ѓоргиева. Филмот се снимаше на локации низ Скопје, соопшти „ОХО Продукција“.

Филмот овој месец ќе биде претставен на Филмскиот фестивал во Сараево (13-20 август)  во рамки на програмата „Рack and pitch“ како проект во фаза на изработка, каде младите филмски работници или „Сараево таленти“, ќе имаат можност да ги претстават своите проекти.

Главните улоги во филмот „1 тон сладолед“ ги толкуваат Јелена Јованова-Периќ, Бодан Киранџиски и Јована Иванова. Приказната ја следи агонијата и психолошката борба на 15-годишниот Ведран (Бодан Киранџиски), како последица од застрашувачки настан во неговиот живот.

Тој се обидува да ги поправи работите, но наместо тоа, се опседнува со апсурдно и манично однесување кон Ева (Јелена Јованова Периќ) и нејзината ќерка (Јована Иванова), барајќи прошка од нив, наместо проштавајќи си себеси, соопшти продукцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.