Синоќа заврши четвтроттото издание на Меѓународниот фестивал на светло и светлосна уметност „Скопје Лајт Арт Дистрикт“, во чии рамки 25 уметници од 14 земји изминатите четири дена со помош на своите светлосни дела, инсталации и перформанси го обоија Скопје и ги забавуваа скопјани.

Во знак на солидарност поради трагичниот настан со пожарот во ковид-болницата во Тетово и прогласената тридневна жалост на територија на цела држава, изминатите денови светлосните инсталации беа активни, но без музика и звук. Уметниците на 14 јазици испишаа пораки на надеж, кои потоа беа проектирани на бината Школка, една од локациите на овогодинешното издание на светлосниот фестивал.

Меѓународниот фестивал на светлосна уметност „Скопје Лајт Арт Дистрикт“, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, е дел од ROCK проектот, во рамки на програмата Хоризонт 2020 на ЕУ наменета за истражување и иновации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.