Оваа сабота, 16 октомври, во 19 часот ќе се одржи премиерата на новата претстава на театар „Сенки и облаци“ насловена „Заробениот ветер“.
Во нов театарски формат – кутија и интимна атмосфера од само четворица во публиката, ова седумминутно доживување ја разгледува темата на загадувањето на природата низ призмата на една птица.
Премиерата ќе се одвива во независниот уметнички простор на театар „Сенки и облаци“ во Дебар маало, каде претставата ќе биде неколкукратно изведена, а во согласност со пропишаните протоколи за настани од јавен карактер.
„Заробениот ветер“ е наменета за сите мали и големи деца кои се љубопитни да ѕирнат во кутијата со сенки, а влезот е бесплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.