Си замина Сабина Ајрула Тозија, актерката од златната генерација на македонската театарска и филмска сцена. После долго и тешко боледување почина синоќа во Скопје.

Таа беше мошне успешна, посветена, извонредно талентирана и сакана од публиката и соработниците, со богата интернационална кариера. Има играно во голем број театарски престави, има филмски улоги како и улоги во голем број серии во земјава и странство.

Со огромно жалење ја примивме веста за смртта на нашата Сабина Ајрула Тозија, една од најмаркантните актерки во театарската и филмската уметност. Сабина беше еден од столбовите на Драмскиот театар и ќе остане вечно запаметена по нејзините успешно одиграни улоги во претставите: „Дамите од Аламо“, „Болва во уво“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници“, „Еригон“, „Косанчиќев венец“, „Ивона, кнегиња бургундска“, „Авантурите на Понг и Луси“, „Свадба“ и многу други. Добитник е на безброј награди меѓу кои Државната награда „Свети Климент Охридски“ и Наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“, соопштија од нејзиниот матичен Драмски театар.

Беше родена е во Скопје, 17 април 1946 година. По завршувањето на средното образование во Економското училиште „Моша Пијаде“ во Скопје (1965) се вработува во Драмскиот театар – Скопје (1967) на чија сцена до денес остварила повеќе од шеесет ролји. Освен на матичната сцена играла во скоро сите македонски театри, Македонскиот народен театар, Турскиот театар, Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, Народниот театар од Куманово, Театарот за деца и младинци – Скопје, како и во повеќе независни театарскипродукции, чии претстави се поставени и изведени во Универзалната сала во Скопје, Младинскиот културен центар – Скопје, Независниот театар „Театра“.

За акте­ри­те е важ­но да ја са­ка­ат се­ко­ја уло­га што ја игра­ат. Јас се­ко­гаш го бра­нам до крај ли­кот во прет­ста­ва­та што ја играм. Ја играв „Гер­тру­да“ во Хам­лет, играв во дра­ма на Иб­зен, мно­гу ја са­кав уло­га­та на Ана, тоа бе­ше ед­на ма­ла уло­га, но за ме­не мно­гу зна­чај­на, по­тоа Вар­ја во Че­хов, но са­ка­ла јас или не, уло­га­та на Фа­ти­ме во „Со­лун­ски па­тр­дии“ е таа по ко­ја си­те ме пре­поз­на­ва­ат. Тоа е прет­ста­ва, ко­ја ја гле­даа по­ве­ќе ге­не­ра­ции. Тоа е култ­на прет­ста­ва. Се­кој те­а­тар има ед­на та­ква. Од дру­га стра­на, среќ­на сум што сум игра­ла во си­те прет­ста­ви на Драм­ски те­а­тар, кои до­жи­ве­а­ле по­ве­ќе 100 из­вед­би. Тоа е сре­ќа, но и прет­ста­ви­те беа до­бри. Играв во „Бол­ва во уво“, „Ри­бар­ски ка­ра­ни­ци“, „Ја­не За­дро­газ“ – изјави Ајру­ла во интервју за неделникот „Република“ кога редакцијата ја избра Ајру­ла во пет­те најз­на­чај­ни лич­но­сти и на­ста­ни што се на­ши, ма­ке­дон­ски, а свет­ски, од­нос­но ус­пе­хот што го по­стиг­на­ле со сво­ја­та ра­бо­та оста­вил бе­лег над­вор од на­ши­те гра­ни­ци.

Повозрасната македонска публика ја памети во улогата на Фатиме во „Солунски патрдии“, телевизиска серија на Миле Попоски во режија на Коле Ангеловски снимена во 1985. Во последните години гледачите ја пре­поз­на­ва­ ка­ко мај­ка­та по мле­ко на Су­леј­ман Ве­ли­ченс­тве­ни­от. Оваа ме­га­по­пу­лар­на ви­со­ко­бу­џет­на те­ле­ви­зи­ска тур­ска се­ри­ја е ед­на од најг­ле­да­ни­те се­рии во 50 зем­ји во све­тот, а во неа Ајрула имаше за­бе­ле­жи­тел­на уло­га.

Помладите генерации ја запознаа актерската игра на Ајрула преку телевизиската серија „Зоки Поки“, снимена по истоимената книга на писателката Оливера Николова. Во оваа серија, Ајрула Тозија го толкуваше ликот на баба Оле.

Освен на театарските сцени, активно партиципира во телевизиските и филмски продукции. Време без војна (игран филм, 1969), Итрата вдовица (ТВ филм, 1969), Ветер во кутивче кибрит (ТВ филм, 1970), Жед (игран филм, 1971), Јад (игран филм, 1975), Исправи се Делфина (игран филм,1977), Оловна бригада,(игран филм,1980), Време, води (игран филм, 1980), Црвениот коњ (игран филм, 1981), Јужна патека (игран филм, 1982), Полноќно сонце(краткометражен игран филм, 1982), Јазол (игран филм, 1985),Тетовирање (игран филм, 1991), Ангели на отпад (игран филм, 1995),Контакт (игран филм, 2005), Сенки (игран филм, 2007). Играла и во телевизиските серии Илинден (1982), На наш начин (1985), Солунски патрдии (1986), Трето доба (1987), Салон Хармони (1998).

Сабина е мајка на режисерот Вардан Тозија и сопруга на режисерот и амбасадор Љупчо Тозија, кој почина во 2018.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.