Надлжените органи извршија увид и доколку се утврди моја вина, ќе сносам одговорност, напиша на фејсбук Владимир Лазавоски, заменик-министер за култура кој попладнево учестуваше во сообраќајна несреќа која се случила на крстосницата меѓу Собранието и болницата „Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје.
Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност, напиша Лазовски на социјалната мрежа.
Пред повеќе од една година Драган Спасов – Дац, актер и во тоа време директор на Македонскиот народен театар (МНТ) поради сообраќајна несреќа во која беше повреден пешак поднесе оставка на функцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.