Се работи за општественик, тој е активист во културата, важи за борец во културниот амбиен каде се креира културата надвор од институциите за култура, рече премиерот Зоран Заев за предлогот нов министер за култура да биде Исмаили. Културните работници ќе бидат восприемени од еден општественик. Се надевам дека ќе продолжи со реализација на насоките за култура. Важно е да продолжиме и со нивелацијата на платите кај културните работници – рече Заев за Хусни Исмаили, за кого се отвори полемика во јавноста оти тој е лекар, а предложен е за нов министер за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.