Премиерот Зоран Заев најави дека на средба со министерот за култура Асаф Адеми ќе бидат разгледани жалбите за Годишниот конкурс за финансирање на проектите од областа на културата за 2019 година.

Поништувањето и разгледувањето на сите незадоволни од конкурсот е нешто што го потврдивме и јас и министерот. Министерот имаше одредени здравствени проблеми, но сега е вратен. Денеска имам состанок со него за да ги разгледаме сите правно-формални аспекти за да можеме на јавноста да и ги соопштиме следните чекори. Треба да видиме дали постои одговорност и како е направена поделбата на проектите. Тоа ќе го направиме на транспарентен начин, рече Заев во одговор на прашање по презентацијата на Научно-технолошкиот парк во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.