Проект на канадската уметница Меган О’Шиа во соработка со македонската танчарка, кореограф и професор по современа танцова педагогија Искра Шукарова

Сабота, 18.09.2021, во 19:00 ч.
КСП Центар-Јадро, Скопје

“ЗАБАВАТА Е МОЈА”- завршна презентација на креативната работилница под водство на Меган О’Шиа во соработка со македонската танчарка, кореограф и професор по современа танцова педагогија Искра Шукарова и во партнерство со КСП Центар-Јадро

Во рамките на својот истоимен долгорочен проект, канадската уметница Меган О’Шиа во периодот 13-18.09.2021 гостува во Скопје, каде реализира 5-дневен процес на креативни работилници со жени (40+) од заедницата. “ЗАБАВАТА Е МОЈА” ја истражува тагата, промената, животна цел и успехот за жените над 40 години во различни култури и контексти.
Во рамки на работилниците групата учеснички од Скопје, низ креативен процес, работеше на и ги истражуваше овие теми.
На 18.09.2021 ќе се прикаже видео-презентација на учесничките од претходните места во кои е реализиран проектот и кратиот филм снимен од Меган од истото истражување.

Видеата ќе се пуштаат на loop во КСП Центар-Јадро, а од гледачите се бара да носат маски и да го ограничат нивниот број внатре во просторот. После презентацијата надвор, пред КСП Центар-Јадро, ќе следи неформална средба и разговор за проектот, со Меган О’Шиа и домашните учеснички, модериран од македонската танчарка, кореограф и професор по современа танцова педагогија Искра Шукарова.

Проектот е поддржан од Canada Council for the Arts, Министерството за култура @ Ministry of Culture / Ministria e Kulturës и @Град Скопје

Подетално за долгорочниот проект “Забавата е моја (It’s My Party)”:
It’s My Party е истражување на тагата и целта во животот, обид да се создаде вистинска конекција низ просторот и времето; потрага по радост; соработка на дистанца помеѓу канадските уметници Линеа Свон и Меган О’Шиа и сите жени-учеснички во работилницата кои придонесуваат преку споделување искуства. Од сеприсутното скрешено срце, преку смртта на сакано лице, до убавината, децата кои никогаш нема да се родат, и губењето на целта во средното доба, вљубувањето и аутирањето во 40тите години на животот, климатските промени, кариерата која се базира на телото кое те издава, и сецкањето кромид, пријателките и соработнички Меган О’Шиа и Линеа Свон контемплираат за тоа што се менува во ова средно доба кај жените, преку сподеување на искуства на/со жени од целиот свет. Во обидот да открие што е заедничко, а што уникатно во различните култури и контексти, Меган тргнува да се среќава и да споделува искуства со жени во нивните средни години. Проектот почна во 2020 со креативни процеси еден-на-еден, на зум, со колешки-танчарки од Канада, САД, Колумбија, Германија, Франција, Финска, Унгарија, Мароко и Шпанија. Проектот продолжува во 2021 во креативни процеси-работилници во Италија, Македонија и Мароко. Во 2022 Меган се надева да може да води работилници и размени со жени од Германија, Ирска, Египет, Тунис, Тексас, Мексико, Куба, Аргентина и Колумбија. Проектот е замислен да може да продолжува и еволуира, како што се реализира. Меган подучува професионалци и студенти низ работилници за интердисциплинарно создавање соло-перформанси, како и за развивање на контексти за интернационална соработка. Базирајќи се на современата танцова практика, креативното движење, театарските игри, кловновската работа, комедијата, раскажувањето приказни и претстави создадени на принципот “направи-сам/а”, таа ги води учесниците низ креативен процес кој идеите ги истражува од неочекувани агли, истовремено креирајќи и поврзувајќи ги различните точки. Низ времетраењето на Забавата е моја (It’s My Party) работилницата, Меган ќе ги води учесничките низ креативен процес да создаваат сопствени соло микро-перформанси како одговор на темите кои ќе се истражуваат. Учесничките создаваат видеа од нивните материјали, на креативен начин, а потоа тие видеа се праќаат до соработничката Линеа Свон, во Канада, која ќе ги монтира во кумулативно видео-арт парче.
На 18.09.2021 во рамки на видео-презентацијата во Центар-Јадро, публиката ќе може да ги види микро-перформансите на учесничките од претходните работилници и видео-исечоци од соло-перформансот Vicarious Time, на Меган О’Шиа. На овој начин жените од различни земји ги сподеуваат своите искуства преку границите.
“Забавата е моја” (It’s My Party) сака да создаде конекции низ просторот и времето.
“Забавата е моја” (It’s My Party) го истражува глобално поврзаниот свет, кој комуницира преку технологијата и низ различните временски зони, годишни времиња и искуства.
“Забавата е моја” (It’s My Party) го истражува тајниот живот на секој/а од нас: што е тоа што не придвижува, мотивира и одвраќа.

За водачката на работилниците:
Меган О’Шиа (Meagan O’Shea) Работејќи во повеќе уметнички дисциплини и преку границите на матичната земја, современата танчерка и театарска уметница Меган О’Шиа ги активира луѓето индивидуално и колективно. Создавајќи, по принципот на devising, претстави кои се ”подигнувачки, енергични и сосема невообичаени“ и кои се играат во дневни соби, театри, јавни простори-вистински и измислени, Меган ги истражува идеите од неочекувани агли, ангажирајќи ја публиката на повеќе нивоа. Таа создава современи театарско-танцови сола кои се водени од содржината, кои ги пронаоѓаат проблемите и се современи.
Третирајќи го процесот како научен експеримент, таа го користи своето тело и интеракцијата со публиката како место за тестирање. Меган држи работилници низ Канада за создавање на интердисциплинари солоа на принципот направи-сам/а. Montreal Gazette ги опишува перформансите на Меган како “нeконвенционални, невозможни да се категоризираат, забавни”. Меган исто така создала бројни ансамбл-претстави, партиципативни и in-situ перформанси, вклучувајќи го нејзиниот dance like no one is watching импров-проект кој го анимира и врши упад во јавниот простор. Меган е соосновач на hub14 просторот за креација и изведба во Торонто, била International Associate Artist во Dance Ireland три сезони, Associate Artist во Theatre Direct Canada, уметнички соработник на Barcelona International Dance Exchange од 2012-2015 и во 2017. О’Шиа истражувала и создала многу дела како резидентен уметник во Dance Atelier-Исланд, fabrik Potsdam-Германија, Faber -Шпанија, Firkin Crane-Ирска, Earthdance и New Dance Alliance-САД и The Banff Centre, Toronto Dance Theatre, Dance Victoria, Le Groupe Dance Lab-Канада. Добитник е на наградата KM Hunter Award in Dance, и исто така е номинирана за наградата Ontario Arts Foundation’s Artist Educator.

За модераторката на разговорот:
Искра Шукарова ги завршила студиите за современ танц на National Conservatorium Superior во Лион, Франција. Во 2002 година магистрирала на Лабан центарот во Лондон, В. Британија. Завршила бројни обуки за танцување со етаблирани уметници. Делата на Шукарова имаат турнеи на регионално и на меѓународно ниво. Била добитник на стипендии како Arts Link и Dance Web. Шукарова била солист во Македонската опера и балет од 1991 година. Таа е една од основачите на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Таа е исто така соосновач и програмски ко-директор на фестивалот за современ танц Локомоушн во Скопје и еден од основачите на Балканската танцова мрежа и проектот НОМАД танцова академија. Членка е и на мрежата Global Practice Sharing од Њујорк.
Од 2010 година Шукарова е професор на катедрата за балетска педагогија – современ танц при ФМУ-УКИМ. Во февруари 2014 година докторира на Факултетот за драмски уметности, при државниот универзитет “Кирил и Методиј” во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.