Министерството за култура на 13 декември (четврток) од 10 часот во Кинотеката на Македонија ја организира втората јавна дебата во врска со текстот на Предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата.
Ги покануваме сите заинтересирани субјекти од институционалната и од вонинституционалната сфера во културата да учествуваат и да дадат свој придонес во оваа фаза на изготвување на законот, во чиј Предлог-текст се вклучени дел од забелешките и предлозите што беа добиени по одржувањето на првата јавна расправа, во јуни 2018 година.
Последната верзија на Предлог-законот е постирана во левата колона на насловната страница на веб-порталот на Министерството за култура, или на следниот линк:
https://drive.google.com/file/d/1zwlaLEyn2XWduBQRu8PmUUg71mDxj4Vl/view
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.