Пулицерова награда за фикција по втор пат за четири години доби Колтон Вајтхед, соопштија на онјалн доделувањето на наградата. Наградата му припадна на Вејтхед за романот “Момчињата од Никел”, што је приказна за злоставувањето во поправниот дом на Флорида во време на Законот на Џим Кроу, кон крајот на 19. век.
Неговата претходно наградена книга со Пулицер беше со наслов „Подземна железница”.
Во областа на публицистиката наградени се авторите Грег Грандин за книгата која говори за американскиот мит за несопирливата експанзија во современиот политички миг и Ен Бојер за книгата која зборува за бруталноста на болеста и заработката од грижата за пациентите заболени од рак во САД.
Најдобра биографска книга е прогласена книгата за животот и делото на Сузан Зонтаг, од аворот Бенџамин Мозер, додека најдобра историска книга е „Слаткиот вкус на слободата, кој говори за ропството и реституцијата во Америка.
Најдобра книга песни е збирката “The tradition” од Џерико Браун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.