Време е културата да излезе од канџите на политиката, бараат струмичките актери кои денеска протестираа против партизацијата во културата.
Организатор на протестот е иницијативатта „Култура или фис-култура“ чии членови се револтирани од назначувањето на екс-наставникот по физичко образование Васил Бубев за прв човек на струмичкиот центар за култура „Антон Панов“.
Иницијативата на 1 февруари ја потпишаа над 260 културни уметници, невладини организации и други работници во културата.
Тие бараат Бубев да биде разрешен, на негово место да се назначи в.д. директор а во рок од 6 месеци согласно Законот за култура да се распише нов конкурс.
Тие денес испратија пет барања, меѓу кои: разрешување или оставка на новоименуваниот директор на Центарот, измени во членот 27 од новиот Предлог закон за остварување на јавниот интерес во културата и негово усвојување во најбрз можен рок; вештачење и јавна проверка на документите за докажано работно искуство во областа на културата, како и сертификатите за познавање англиски јазик на сите актуелни и идни кандидати за раководни позиции во културните институции; и јавно објавување на програмите со кои конкурирале сите актуелни раководители на институции и нивните противкандидати.
Културата е далеку ослободена од заробеност. И принципите на стратегијата изгледаат како хипокритична демагогија на парче хартија, затоа што во реалноста состојбите се дијаметрално спротивни и поразителни, истакна Ванчо Василев, иницијатива „Култура или фис-култура“ .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.