Од холандски музеј кој е затворен поради пандемијата на коронавирусот, синоќа е украдена слика на холандскиот уменик Винсет Ван Гог чија вредност се проценува на еден до шест милиони евра.
Музејот Сингер Ларен во источниот дел на Амстердам соопшти дека сликата „Пролетна градина“ била украдена во раните утрински часови откако крадците ја скршиле стаклената врата на влезот на музејот. Алармот ведаш се вклучил, но крадците избегале пред да дојде полицијата.
Сликата е од 1884 година и е една од серијата изработени додека сликарот престојувал во домот на неговиот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.