Со гала во Филхармонија и проекции во кината „Синеплекс“ и „Милениум“ во Скопје и со паралелни прикажувања во Битола, Охрид и Штип, на 1 ноември во 20 часот, ќе се случи македонската премиера на „Врба“, шестиот долгометражен филм на режисерот Милчо Манчевски.
По само десеттина дена од светската премиера на 14. Филмски фестивал во Рим, „Врба“ шестиот долгометражен филм на режисерот Милчо Манчевски, „сторијата за мајчинство, љубов и доверба“, тргнува во поход на Македонија. И тоа онака како и што доликува. Ноември го отвара со гала во Филхармонија и проекции во кината „Синеплекс“ и „Милениум“ во Скопје и со паралелни прикажувања во Битола, Охрид, Штип…три дена подоцна и во Прилеп, па Куманово и така со ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.