Вработените во Театар Комедија не се согласуваат со одлуката на Министерството за Култура за разрешување на Нора Шаќири Марковиќ и назначување на нов в.д. директор.

Шокирани сме од оваа одлука со која за нов в.д. директор се поставува човек што беше дел од претходната управа, која што беше разрешена за неправилности во работењето. Можеби е кранјо време Инспекторатот за труд да го посети театар „Комедија“. Кога театарот беше во долгови без основни услови за работа, со нарушени меѓучовечки односи и долгови, в.д. директорката што сега ја разрешува министерството, успеа да реши дел од овие проблеми и да го врати театарот на вистинскиот пат. Дали некој со интенција пробува да го сруши театар „Комедија“ и да го врати во агонијата во која што беше пред да се постави Нора Шаќири за в.д. директор?, прашуваат вработените во театар „Комедија“.

Тие додаваат дека доколку Министерството за култура смета дека таа не е соодветен кадар, на оваа функција треба да се постави Дарко Спасов, кој што е професионалец и во кого целиот ансамбл има доверба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.