Вокално-инструменталниот концерт со наслов „Мелем песна“ на хорот и оркестарот на Танец се вечерва на репертоарот на „Скопско лето“.
Заради најавените врнежи и невреме, вечерашниот концерт, ќе се одржи во Камерната сала на Македонската Филхармонија со почеток во 21:00 часот, a не во „Сули ан“, како што беше претходно најавено.
Коцертот е во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.
Тој петти во низата музички изведби на отворено од првата летна вокално-инструментална серија, кои се одржуваат во пет македонски градови – Велес, Прилеп, Македонска Каменица, Кавадарци и Скопје. По нив, „Танец“ ќе ја започне и втора серија од три големи музичко-сценски концерти, наречена „Танец под ѕвездите“, на фестивалите во Струмица, Охрид и Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.