Вечерва во Скопје во 19 часот почнува првото издание на Интернационалниот поетски фестивал „Екс Либрис“. Под мотото „FESTIVAL IN PROGRESS“ во текот на неколку месеци ќе се одржат десетина настани – поетски читања, преведувачки работилници, дискусии, предавања, промоција на изданија на значајни светски и домашни автори.
Вечерашниот настан со кој почнува фестивалот „Екс Либрис“ е партнерски организиран со Шкотскиот поетски фестивал Станца. Тоа е преведувачката работилница „Најдено во преводот“, дискусија и поетско читање на македонски и британски поети и преведувачи, меѓу кои и Питер Мекеј, Тања Хершман, Катица Ќулавкова, Митко Гогов и Никола Ѓелинчески. Тие соработуваа во текот на шест месеци на работилници на кои ги дискутираа нивните поетики и создаваа нови креативни препеви на нивните дела кои ќе бидат презентирани вечерва.
Проектот е поддржан од програмата на Британскиот совет за финансирање меѓународни проекти од полето на книжевноста.
Публиката ќе може да го следи настанот онлај на платформата ЗУМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.