Вечерва, на 21 јули во 20,30 часот ќе се одржи концерт насловен „Киниса моме на вода“ на етно составот „Монистра“ на Факултетот за ликовни уметности – објектот Сули ан. Учесници на концертот се: Габриела Јанушевска – вокал, Александар Јовевски – кавал, тамбура, гајда, тапан, Јован Стрезовски – тамбура, Филип Николовски – тамбура, Дарко Ничевски – клавијатури, Марјан Андоновски – тапан, тарабука, перкусии, Дамјан Зифовски – ударни инструменти, перкусии.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а влезот ќе се регулира со билети по цена од 200 денари кои ќе може да се купат пред почетокот на концертот на влезот на објектот Сули ан.

Младата етно група Монистра е формирана во 2002 година. Основач и музички лидер на групата е Александар Јовевски.

Сите членови на групата се музички образовани и имаат завршено Факултет за музичка уметност при универзитетот Св. “ Кирил и Методиј” во Скопје. Групата свири македонска етно музика на изворни инструменти. Музиката е збогатена со модерни аранжмани , се со цел да ги задоволи вкусовите на сите генерации.

Со досегашните концерти и настапи во Република Македонија и на меѓународни фестивали , групата „Монистра ” се етаблира како многу успешен презентер на македонската етно музика која се следи со силно внимание. Особено ја негува неправилната ритмика по кој се препознава македонската песна и оро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.