Откако надлежните останаа глуви на бројните реакции на здружението „Совест“ и си ја префрлуваат вината едни на други, охриѓани најавуваат протест, пишува порталот „Охриднет“.
На социјалните мрежи веќе се организира масовен протест. Од здружението „Совест“ на Фејсбук ги повикуваат охриѓани да се придружат во достоинстевн протест преку испраќање на порака на фејсбук профилот на здружението. Од „Совест“ веќе две години јавно ги презентираат недостатоците во реконструкцијата на Алипашината џамија. Без дозвола за градба се планира да се изгради 32 метри високо минаре, кое ќе ја наруши визурата на градот Охрид. Граѓаните немаат ништо против реставрацијата и заштитата на споменичното добро, но се јавно против превисоко минаре, кое ќе биде највисокиот објект во градот. После застој од една година, во февруари годинава продолжи незаконитата градба на минарето. Надлежните молчат и си ја префрлуваат вината едни на други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.