Управата за заштита на културното наследство, организира промоција на публикацијата „Културното наследство на Дебарско – Реканскиот регион“, која ќе се одржи на 20 март (среда) 2019 година во Музејот на Град Скопје со почеток во 12:00 часот.
Публикацијата „Културното наследство во Дебарско – Реканскиот регион“ е резултат на активностите спроведени во рамките на Пилот проектот за локален развој на Дебар и Река, кој се реализираше во периодот од 2010 до 2016 година, под покровителство на Советот на Европа. Оваа публикација на едноставен и популарен начин ги презентира главните типови на недвижно културно наследство во регионот и нивните специфики, претставувајќи ја исклучително богатата градителска традиција на Дебарско-Реканскиот крај. Автори на публикацијата се: Дафина Герасимова, Дарко Николовски, Зоран Павлов, Цветанка Хаџи Пецова и Снежана Герасимова Матеска.
Публикацијата беше изготвена во рамките на годишната програма на Управата за заштита на културното наследство за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, која се спроведуваше под слоганот „Нашето наследство – Европска вредност“ и мотото „Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.