На големата сцена во Македонскиот народен театар (МНТ) на 14 октомври со почеток во 20 часот, ќе се одигра претставата „Поделби“, од авторот Добрица Ќосиќ, по драматизација на Спасоје Ж. Миловановиќ, а во режија на Југ Радивојевиќ.

Гостувањето е копродукциски проект меѓу Српско народно позориште, Нови Сад, Народно позориште Ниш и Народно позориште Приштина – со седиште во Грачаница.

Станува збор за едно од најзначајните дела на српската литература по Втората светска војна.

„Поделби“ премиерно беше одиграна на 11 март 2021 година во НП, Ниш.

Според драматургот Кнежевиќ, за да се постави текстот „Поделби“ било неопходно да се направи драстична селекција на многубројните поединечни поделби со кои романот изобилува. Од кога основната линија е извлечена и кога личната и семејна трагедија на Урош Бабовиќ е ставена во прв план, Поделбите станаа театарски Поделби.

Во претставата играат: Небојша Савиќ (Урош Бабовиќ, селски газда), Соња Дамјановиќ (Вида, негова жена), Милош Цветковиќ (Милош, нивниот син), Вукашин Ранѓеловиќ (Вита, нивниот слуга), Милан Ковачевиќ  (Адам Катиќ, селскиот газда), Григорије Јакшиќ (Душан Катиќ, студент, неговиот син), Игор Дамњановиќ (Љубиша Дачиќ, нивниот слуга), Страхиња Бојовиќ (Доктор, граѓански политичар), Дејан Цицмиловиќ (Коста Цветиќ, мајор), Валентин Венцел (Германски офицер) и Бојан Милановиќ (Невестата).

Билетите се пуштени во продажба преку веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.