Во Младонскиот културен центар (МКЦ) се отвори првата самостојна изложба на Дејан Давчевски „Од ѕид до платно“.

Оваа прва самостојна изложба на Дејан Давчевски ги одразува промените со кои ги минавме овие изминати две години. Поминувајќи го времето дома, го користи за да прикаже низ кои очи гледа одредени ситуации. Тој сета оваа промена ја гледа од позитивна страна, бидејќи секој од нас направил промена во својот живот, па така и тој се мотивира да создаде нешто и ја прави својата прва изложба. Неговите дела се потпираат на геометриските форми, кршејќи ги или формирајќи ги во нивните првобитни состојби, со што ја пронаоѓа и љубовта кон ваквото сликарство. Можеме која било геометриска форма да ја искористиме како сакаме, па со тоа ѝ даваме и карактеристики и вредности, како една, и поразлична и автентична целина. Како и луѓето, може да скршат многу промени и закони, па повторно се прилагодуваат и наоѓаат начин да опстанат. Неговите апстрактни портрети се инспирирани од луѓето и нивните збунети погледи наоколу, сите со премногу немир и страв, во обид да прикаже чувства и емоции. Користењето на материјалите спреј и акрил е најчесто поради чистата плоха, која тие можат да ја создат. Најчесто позадината е чиста и едноставно претставена, бидејќи сака да ѝ даде внимание на самата композиција. Во делото „Движење“ користејќи ги линиите и поместувањето на истите, има намера да го наслика денешниот човек, брзиот живот и стресот како реалноста во која што сме. Фасцинацијата од големите ѕидни површини и можноста што ја нудат е главната причина за големите формати на платната, па така инспириран од графитите и нивните можности за слобода, ги користи за својот ракопис да го престави на платно.

Дејан Давчевски е роден на 20.5. 1996 во Скопје. Средно образование завршил во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје, оддел графика, а своите студии ги продолжил на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел Ликовна педагогија, модул Графика, под менторство на проф. д-р Трајче Блажевски. Неговата уметност се врти околу графити-културата и урбаната уметност, често пати пресликувајќи мотиви од секојдневито. Најчести медиуми во неговото творештво се платното и ѕидот, па така наоѓа начин да ја искористи естетиката од графитот и да ја употребува на платно, бидејќи пристапот е сличен. Тој преку вештото комбинирање на едноставни геометриски форми прикажува појави што се многу познати за секојдневниот човек. Во однос на палетата на бои, се служи најчесто со основните бои за дa нѐ потсети од каде почнува сѐ .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.